Помладите пионери го совладаа Охрид, на натпревар од 16.коло во Супер лигата.
Помладите пионери на ФК Вардар, денес во Пржино ја пречекаа екипата на Охрид. На оваа средба дојдовме до победа со резултат 1-0(0-0).
ВАРДАР: Ѓорѓиевски, Поповски (К), Ивановски, Крстевски М, Котевски, Давитов, Блажевски, Стојанчевски, Димов, Бакрачевски и Каруловски.
Првиот дел заврши со почетниот резултат, 0:0 без голем број на изгледни прилики. Две шанси на почетокот имаше гостинскиот тим кој се закани со удари од дистанца. За нас во шанси се најде Давитов Петар, сепак голманот беше побрз од него. Охрид упати одличен удар, одличен на нашиот гол беше Јован Ѓорѓиевски. Последна закана имавме преку Иван Блажевски чиј удар беше блокиран, па на одмор заминавме со резултатска симетрија.
Во вториот дел на паднавме на самиот старт, ние бевме тимот кој имаше посед. По една убава акција пред противничкиот гол, Крстевски Антонијо најдобро се снајде и погоди по земја за наша предност со 1-0. Нашиот погодок беше постигнат во 59.минута. Стрелецот на голот минус потоа имаше уште една шанса која ја скоти голманот на гостинот. Со офанзива ја задржавме предноста и дојдовме до победа.
Играа уште кај нас: Керими, Јорданоски, А.Крстевски, Стефанов, Јовановски и Дамевски.