Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Незгоден пораз за ФК Вардар на гостувањето кај Беса
Незгоден пораз за ФК Вардар на гостувањето кај Беса

Незгоден пораз за ФК Вардар на гостувањето кај Беса

Екипата на ФК Вардар доживеа незгоден пораз на гостувањето кај екипата на Беса (2:1) и на тој начин си го отежна патот кон пласман во ПМФЛ од следната сезона.

Почетокот на натпреварот не навестуваше ваков конечен исход на стадионот во с.Врапчиште, со оглед дека црвено-црните многу рано уште во 2.минута од натпреварот со голот на Дарио Десниќ успеаа да го отворат резултатот и да поведат со 0:1. Сепак во 39.минута после нафрлена топка од слободен удар, еден од играчите на Беса нечуван од никого, успеа со глава да ја погоди нашата мрежа и да го израмни резултатот на 1:1, кој беше актуелен по 45 минути игра.

339985431_1962253940775532_5997749489736208104_n

И во вториот дел, Вардар прими речиси идентичен гол како и првиот, за целосен резултатски пресврт и пораз со резултат 2:1.

Останатите наши конкуренти за највисок пласман денес беа сигурни и остварија високи победи. После ова коло, Вардар го загуби првото место од екипата на Воска која има 56 бодови, пред Вардар со 55 и Гостивар со 54 бодови.