Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Убедливи победи за генерациите 2008 и 2009 на гостувањето кај ФК Аеродром
Убедливи победи за генерациите 2008 и 2009 на гостувањето кај ФК Аеродром

Убедливи победи за генерациите 2008 и 2009 на гостувањето кај ФК Аеродром

Денес во рамките на Скопската регионална лига, тимовите на ФК Вардар со генерација 2009 и 2008 гостуваа кај тимот на ФК Аеродром. На двете средби дојдовме до убедливи победи.

ВАРДАР 2009: Ангеловски Марио, Колевски Даниел, Дошев Максим, Ристевски Матеј, Бошковски Коста, Колевски Давид, Ангеловски Вилијам, Галевски Лука, Смиљков Мартин; Јовиќ Андреј и Котески-Митровски Павел.

Доминиравме по првата судиска свирка на овој првенствен натпревар, ние бевме тимот кој играше повеќе во поле. Отворивме со погодокот на Коста Бошковски кој од аголот на казнениот простор погоди за 1-0. Тргнавме да ја удвоиме предноста, успеавме преку Смиљков Мартин кој со одличен лоб од косо погоди за 2-0. Ние доминиравме до крајот, па на одмор заминавме и со три гола предност, Ристевски Матеј стрелаше за 3-0, до крајот имаше шанса за нас и Јовиќ која не донесе четири гола предност пред полувремето.

Набрзина на почетокот на вториот дел отидовме и на пет гола предност, Лука Галевски и Лука Грчевски беа „талични“ за противникиот голман, па црвено-црните поведоа со 5-0. Брзо дојдоа уште два гола за нас Божиновски Михаил и Павловски Давор ја затресоа мрежата на домашната екипа за високи 7-0. Имавме одлична акција во продолжение, Коста Бошковски асистираше до Божиновски Михаил кој со својот втор гол денес донесе предност од 8-0. Последниот гол на оваа средба за нашите помлади петлиња беше дело на Лука Грчевски кој стави точка на натпреварот и погоди за 9-0.

ВАРДАР 2008: Баснарков Марко, Цветковски Филип, Јевтоски Христијан, Идризи Омер, Кадрији Ендрит, Никола Јовановски, Стамчевски Леонид, Ташовски Иван, Трпевски Давид, Блажев Дамјан и Шотаровски Марко.

Првиот дел го добивме со одлична игра во поле имавме повеќе од поседот и доминиравме на овој натпревар, сепак двата гола со кои заминавме на одмор ги постигнавме од прекини. Најпрвин одличен слободен удар изведе Јевтоски Христијан и погоди за 1-0, по неговиот погодок тргнавме да ја удвоиме предноста. Успеавме од пенал, топката ја зема капитенот Иван Ташовски и биеше неодбранливо, со неговиот погодок поведовме со 2-0, резултат кој подоцна се покажа како конечен за првиот дел.

Вториот дел го започнавме фуриозно, набрзина со два гола ја дуплиравме предноста од првиот период. Со погодоците на Идризи Омер и Кадрији Ендрит, црвено-црните петлиња поведоа со високи 4-0. Најубавиот момент ни го приреди Филип Цветковски, по една наша акција противникот исфрли во корнер, нашиот играч дирекно од аголот стрелаше во голот за 5-0. Повотрно на сцена стапија Идризи Омер и Кадрији Ендрит, со нивните втори погодоци дојдовме до високи 7-0 предност на ова гостување. До крајот стрелецот на првиот погодок на оваа средба, Јевтоски Христијан беше успешен и по втор пат поставувајќи ги конечните 8-0.