Вчера во кугларницата „Мусандра“ се одржа Купот на Република Македонија за сезоната 202/2023 година. Вардар дојде до сребро на ова натпеварување зад шампионот Макпетрол, бронзен беше тимот на КК ГТЦ Мусандра.
„Пумпашите“ дојдоа до пехарот со 3382 „соборени дрва“ ние имавме 3330 за втората позиција, далку зад нас беше КК ГТЦ со 3193. Кај нас повторно блесна Димитар Димитровски со одлични 620 соборени „дрва“.