Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Со пресврт, помладите пионери на ФК Вардар ја победија екипата на Динамо Тирана
Со пресврт, помладите пионери на ФК Вардар ја победија екипата на Динамо Тирана

Со пресврт, помладите пионери на ФК Вардар ја победија екипата на Динамо Тирана

Помладите пионери со голем пресврт, до победа, на контролниот натпревар против екипата на Динамо Тирана.

Избраниците на Влатко Колев иако на полувреме имаа негатива од два гола, на крајот успеаа да ја победат екипата на Тирана со резултат 2:3 (2:0).

Вардарци имаа поголем посед на топка во првиот дел од натпреварот и неколку обиди кон противничкиот гол, но Тирана во две ситуации преку контра напади успеа да го совлада нашиот голман и на полувреме да има позитива од два гола. Во овој дел од мечот, главниот судија ни поништи гол, кој го постигна Богдановски.

Продолживме со офазнивна игра во вториот дел, после центар шут од корнер на Буцевски, најпрво Христијан Јевтоски биеше одлично со глава, топката ја погоди пречката, но истата стигна до Ендрит Кадрију кој погоди за 2:1. После една одлична акција од десната страна и центар шут на Буцевски, успеваме да го израмниме резултатот на 2:2 со голот на Нехтенин.

Се играа последните минути од натпреварот, кога после брз изведен аут од Кадрију, кој додаде до Бујароски, овој додаде до Буцевски, кој ја врати топката до Стефан Бујароски кој со волеј удар успеа да го матира голманот на Тирана и да му донесе водство на Вардар од 2:3, резултат кој беше и конечен на натпреварот.

Вардар: Грбевски, Јевтоски, Стаматоски, Делев, Цветковски, Бојовиќ Заев, Бујароски, Стамчевски, Митаноски, Буцевски, Богданоски.