Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Убедлива победа за помладите пионери на контролниот натпревар против Тирана
Убедлива победа за помладите пионери на контролниот натпревар против Тирана

Убедлива победа за помладите пионери на контролниот натпревар против Тирана

Победа и на вториот контролен натпревар во Албанија за помладите пионери, кои денес со убедливи 0:3 (0:2) беа подобри од екипата на Тирана.

Целосна доминација на вардаровите надежи и контрола на играта во текот на целиот натпревар.

После неколку обиди кон противничкиот гол, Стефан Бујароски беше играчот кој ни донесе предност од 0:1, после една добро изработена акција, топката ја прими Бујаорски кој од 20-сетина метри биеше прецизно . Продолживме со константен притисок на противничката половина, таквата игра ни донесе и водство од 0:2, повторно со погодок на Бујаорски, кој се ослободи од двајца противнички играчи, влезе во шеснаесетникот на Тирана и упати прецизен удар за негов втор гол денес. Со резултат 0:2 се замина на полувреме.

Во второто полувреме успеавме да постигнеме уште еден гол, после акција и соло продор на Стамчевски од десната страна, Кадрију беше играчот кој го зголеми резултатот на 0:3, кој беше конечен на овој пријателски натпревар.

Вардар: Грбевски, Алексов, Јевтоски, Стаматоски, Цветковски, Бојовиќ Заев, Бајрами, Бујароски, Нехтенин, Митаноски, Кадрију.