Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вкупно 217 победи и 1558 постигнати голови за Вардаровите “петлиња“ во детската лига
Вкупно 217 победи и 1558 постигнати голови за Вардаровите “петлиња“ во детската лига

Вкупно 217 победи и 1558 постигнати голови за Вардаровите “петлиња“ во детската лига

Младинските категории (петлиња) на фудбалскиот клуб Вардар имаа одлична сезона во детската лига. Дури четири од петте генерации кои се натпреваруваа во оваа лига го освоија првото место. Со златен медал се закитија генерациите родени “2004“ и “2007“ година и тоа втора сезона по ред како шампиони на Македонија, потоа генерација “2005“, како и дебитантите родени “2008“ година, кои беа најдобри во својата возрасна генерација. Единствено генерацијата родени “2006“ година го освоија сребрениот медал, откако во финалето беа поразени по изведување на удари од белата точка.

Кога ќе го сумираме вкупниот резултат на крајот од сезоната, сите помлади генерации на ФК Вардар( петлиња) забележаа вкупно 217 победи. Најмногу победи забележаа момчињата родени “2005“ година и тоа вкупно 53 победи. Најмногу натпревари одиграа генерацијата родени “2007“ година, додека најмалку генерацијата “2008“, која со една своја екипа се приклучи во пролетниот дел од сезоната.

vardarfans-gener-20051-660x330-660x2892-660x289

1. Генерација “2005“ – 53 победи

2. Генерација “2007“ – 50 победи

3. Генерација “2004“ – 45 победи

4. Генерација  “2006“  44 победи

5. Генерација “2008“ 35 победи.

Што се однесува до бројот на постигнати голови, сите споменати генерации постигнаа вкупно 1558 голови. Голгетерски најрасположени беа генерацијата “2007“, кои на крајот од сезоната имаа вкупно 436 погодоци.

vardarfans-naslovna16-660x330

1. Генерација “2007“ – 436 голови

2. Генерација  “2005“ – 335 голови

3. Генерација “2004“  – 321 голови

4. Генерација  “2008“ – 235 голови

5. Генерација “2006“ – 231 голови

Најдобар стрелец и оваа сезона во овие категории на Вардар, беше Георг Стојановски кој имаше неверојатни 81 постигнат гол. Вака изгледа листата на најдобри стрелци во младинските категории на Вардар:

vardarfans-165

1. Георг Стојановски  81 гол

2. Ненад Дамјаноски  62

3. Филип Јовановски  59

4. Стефан Младеновски  57

5. Давид Голубов  40.

Доминиравме на завршниот турнир и по бројот на освоени поединечни награди. За најдобри стрелци земаа: Георг Стојановски (2004), Никола Величковски ( 2005), Стефан Младеновски (2007) и Ненад Дамјаноски (2008). За најдобри голмани беа прогласени: Стефан Тасев (2004), Василиј Мариновски (2005), Лука Јаневски (2007) и Лука Грчевски (2008).

Сезона од соништата за овие генерации на Вардар, кои со своите тренери направија голем успех и ја имаа најдобрата сезона во детската лига.