Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите и младинците на ФК Варар ја „наполнија“ мрежата на ФК Еуроспорт
Кадетите и младинците на ФК Варар ја „наполнија“ мрежата на ФК Еуроспорт

Кадетите и младинците на ФК Варар ја „наполнија“ мрежата на ФК Еуроспорт

Денес на теренот на Академијата на ФК Вардар во Градски Парк, кадетскиот и младинскиот тим на Вардар во првото пролетно коло од своите лиги беа домаќини. Ние ја пречекавме екипата на ФК Еуроспорт од Куманово, во двете средби дојдовме до високи победи.

Кадетите успеаа да го совладаат тимот од Куманово со високи 8-0, победата беше најавена во првите 45.минути кога заминавме со водство на полувреме од три погодока.

Вардар: Китановски, Радуловиќ-Величковиќ, Асани, Петејчук, Ѓурковски, Крстевски, Андоновски,  Хасани, Омерагиќ, Салиу и Игнатов. Играа уште: Демири, Речица и Симев. 

Вардар имаше офанзива, нападнавме со цел рано да отворивме со гол. Успеавме преку Фисник Салиу кој погоди  во 11.минута за почетн 1-0. Потоа на сцена стапи, Омерагиќ Азер  кој стрелаше два пати. Најпрвин  во 43.минута и во последната (45.минута) за високи 3-0. Резултат со кој се замина на одмор и кој најави дека ние сме тимот кој го контролира во целост овој натпревар.

Во вториот дел преку Крстевски Виктор во 56.минута поведовме и со 4-0. Со неговиот трет гол денес, Омерагиќ Азер  донесе предност со „петарда’ односно со 5-0. Доминиравме на теренот,  Андоновски Филип успеа да ја зголеми нашата предност на шест гола. Потоа на сцена стапи Игнатов Леонид, кој со два гола ги постави конечните 8-0 на оваа прва средба во оваа 2020 година за црвено-црните.

Младинците на ФК Вардар исто така по првиот дел водеа со 3-0, вториот го одиграа рутинирано и успеаа да победат со 6-0 на ова соочување со  ФК Еуроспорт. 

Вардар: Андов, Зендели, Ацовски, Мирчевски, Манасиевски, Мицевски, Рушити, Димоски, Спироски, Ристевски и Исени.  Играа уште: Шабани, Кртовци, Цури и Андрески. 

И на оваа средба исто така  тргнавме по рано водство и дојдовме до него. Прв погоди  Спировски Мартин  во 6.минута од дуелот. Следеа два гола на Ристовски Давид во мрежата на противникот. Најпрвин тој погоди за 2-0 во 16.минута, вториот негов погодок беше постигнат 20.минути потоа. Со овој резултат и негов гол предност од 3-0 се замина на одмор на овој прв пролетен младински дуел.

Во вториот дел ние влеговме комотни од големата предност, игравме опуштено и доминиравме, тоа донесе полетност. Прв во овој период мрежата на ривалот ја „начна“, Исени Ринор кој погоди по 6.минути фудбал во овој период за предност со 4-0. Потоа во 62.минута  за втор гол на мечот се погрижи Мартин Спировски кој зголеми на 5:0.Точка на дуелот стави, Ристовски Давид, тој со неговиот трет погодок денес ги постави конечните 6-0 во 82.минута од оваа средба.