Тимот на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков, Вардар Јуниор денес покажа карактер на победник. Овој тим дефинитивно има „муда“ на одмор губевме со осум гола, беа отпишани, но во вториот дел со машка борба дојдовме до пресврт и победа со 24-23 над Металург(2).
Мечот започна со по еден гол на двете страни, за нас погоди Мартин Карапалевски. Резултатот 1-1 беше актелен се до 9.минута, се играше борбено и неефикасно. Следеше серија 0-4 по која поведе ривалот со 1-5, Петрушевски веднаш побара минута одмор во 12.минута. Тоа не смени многу бидејќи вториот тајм-аут го побара во 21.минута кога губевме со 4-11. Немавме сила да фатиме приклучок со ривалот од Автокомандра, на одмор заминавме со резултат 5-13 на семафорот во „Јане Сандански“. Вардарци играа под своите можности.
Голема борба, видовме во вториот дел, Вардар Јуниор како да беше сосема нов тим, сите момци се бореа како лавови. Се бореа за секоја топка, полека ја намалуваа големата негатива од полувремето. Во 49.минута пропуштивме напад да намалиме на гол негатива, при 17-19 погодовме статива. На нашиот гол Гогов одлично одбрани, во напад Дука конечно не донесе на еден негатива. Во одбрана Крстевски Виктор мајсторски „украде“ тоа во напад токму тој го награди со одличен гол од крило за 19-19. Првото водство дојде во 56.минута кога поведовме со 21-20, потоа водевме и со 22-21 со голот на Стефан Атанасовски. Нашиот пикер денес покажа дека може да биде мотиватор на тимот, тој постојано веруваше во успех и ги бодреше колегите. Влеговме со резултат 22-22 во последната минута, за нас Дука Ѓорѓи стрелаше за 23-22 на 22.секунди до крај. Ние се одбранивме радоста беше голема.
Најефикасен беше Карапалевски Мартин осум гола, Дука Ѓорѓи постигна шест погодока, Ангеловски Кристијан погоди во три наврата.