Бразилскиот интернационалец Леонардо Дутра Фереира кој настапува за шпанска Куенка, дефинитивно нема да го засили тимот на Европскиот шампион. Иако имаше интерес од страна на Вардар за овој бек шутер, сепак до овој трансфер барем засега нема да дојде.
Покрај Дутра, познато е уште едно име што си замина од редовите на „црвено – црните”. Артурс Кугис неславно, по само неколку месеци си заминува од Скопје. Во овој голман навивачите гледаа светла иднина и донекаде замена за Милосављев, но на крајот не се оствари ништо од тоа.
Од друга страна, како што е добро познато, Вардар се засили со Борко Ристовски и Марко Мишевски, кои се враќаат во нашиот тим.