Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар со „ракометна лекција“ за Спартак, Супер лигата ја започнавме со висока победа
ЖРК Вардар со „ракометна лекција“ за Спартак, Супер лигата ја започнавме со висока победа

ЖРК Вардар со „ракометна лекција“ за Спартак, Супер лигата ја започнавме со висока победа

ЖРК Вардар започна со убедлива победа во Супер лигата, денес на меч со РК Спартак во првото пролетно коло црвено-црните дами доминираа целосно. Победата дојде со 24.гола позитива (37-13).

d11 d12

Дуелот започна со по еден гол на двете страни, за нас погоди Седлоска за почетни 1-1. Вардаровата одбрана беше на ниво, тоа беше наградувано во напад од Диневска и Галевска, по одбрана на Трајкоска се трансформиравме во брза контра погоди Ивона Трпевска за 7-1 во 10.минута. Следеше краток период во кој Спартак успеа да парира, тие на три наши гола одговорија со иста мерка за резултат 10-4. Во 18.минута по одлично фрлена контра од нововлезената Грујовска, атрактивно погоди Миновска, веднаш потоа и Галевска па првпат ја пробивме двоцифрената разлика (14-4). Клупата на ривалот побара минута одмор.

d

Пред почетокот на последните 5.минути, прв пат отидовме на 14 позитива (19-5), по одбрана со нога, Грујовска веднаш успеа умешно да исфрли контра до Седлоска, која немилосрдно погоди во мрежата на Спартак. Доминација имавме и до крајот на овој период, со резултат 22-8, погоди Галевска на 35.секунди до крај, кај нас Грујовска со тело го сопра последниот напад на гостинот.

d8 d5

Отворивме со два гола на брзоногата Сара Миновска по кој поведовме со 24-8 на самиот почеток. Ние доминиравме во сите аспекти на ракометната игра на овој дуел. По одбрана со нога на Грујовска, нашата одбрана брзо успеа да ја префрли топката во офанзива, на неформираната зона на ривалот погоди Ивана Џатевска за 15 позитива (24-9) во 42.минута од мечот. Ана Марија Божиновска влезе игра на позицијата среден бек и донесе нова живост. Во последните пет минути влеговме со резултат 35-11 откако по контра-напад погоди Ива Јаковчевска. Победата дојде до резултат 37-13 на оваа средба.

d14-2 d4 d2
Грујовска имаше повторно највисока бројка, таа дојде до 8.одбрани (фрли 3 контри), три црвено-црни дами имаа по 6 гола: Диневска, Седловска и Галевска , по гол помалце односно пет имаа Трпевска и Миновска. Двапати умешно погодија: Коларовска, Божиновска и Јаковчевска,  Трајкоска фати две топки, по еднаш стрелаа Џатевска, Гроздановска и Николиќ.