Saturday ,02 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победи за ФК Вардар генер. “2003“ и “2005“ во детската фудбалска лига
Победи за ФК Вардар генер. “2003“ и “2005“ во детската фудбалска лига

Победи за ФК Вардар генер. “2003“ и “2005“ во детската фудбалска лига

Денеска на терените на ФК Работнички и ФФМ се одиграa натпревари на генерацијата “2003“ и ”2005” на ФК Вардар. Нашите млади момчиња од генерација родени “2005“ година во целост ги надиграа дечињата од Риниа и славеа со резултат 5:2 (3:2). Исто така свој настап имаше и генерацијата родени “2003“ година, кои беа подобри од екипата на Смиљковци со резултат 4:0 (2:0).

ФК Вардар генер. “2005“ го започнаа дуелот супериорно, по само 10-сетина минути игра имавме предност од 2:0 со двата гола на Филип Јовановски. Потоа нашите момчиња се опуштија, следуваа два неочекувани погодоци на Риниа за 2:2. Но, нашите момчиња не застанаа тука следуваше и трет гол во првиот дел, дело повторно на Филип Јовановски, кој по само 20-сетина минути успеа да постигне хет-трик. На полувреме беше 3:2.

Во вториот дел Вардар имаше уште неколку шанси да дојде и до четврти гол денеска, најпрвин се обиде Јовановски но покрај голот, потоа убаво по страна продре Давор  Лефковски, биеше но крај голот. Потоа одбраната на мечот ја имаше нашиот голман, спаси чист зицер на противникот. Следуваше и казна од нашите играчи, Горјан Цветков постигна погодок за 4:2, се чинеше дека тука беше се јасно. Но дојде и ”петардата” во мрежата на Риниа, повторно Горјан погоди за конечни Вардар – Риниа 5:2

ФК Вардар генер. “2003“ ја забележа втората последователна победа во детската лига, откако денес беа подобри од екипата на Смиљковци. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 4:0. По два погодоци во двете полувремиња за нашите млади надежи, за на крај да остварат убедлива победа. Стрелци на головите беа Дамјан Марковски, Иван Пашариковски, Дамјан Ќосевски и Марио Петрушевски. Полека но сигурно избраниците на Ане Андоновски блегуваат во посакуваната форма и препознатлива игра, која ја красеше оваа генерација во есенскиот дел.