Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери со 0:11 подобри од ФК Скопје, пионерите со минимален триумф
Пом.пионери со 0:11 подобри од ФК Скопје, пионерите со минимален триумф

Пом.пионери со 0:11 подобри од ФК Скопје, пионерите со минимален триумф

Избраниците на Саше Божиноски, двете пионерски екипи на ФК Вардар денес гостуваа кај екипата на ФК Скопје. На двата дуела во Нова Колонија дојдовме до две победи и со перфектни 12.бода во оваа 5.рунда излегуваме од сите 4 соочувања со овој ривал. Помладите пионери победија со неверојатни 0-11 (0-6), пионерите дојдоа до три бода со минимални 1-2 (0-2).

.Стартуваа за помладите пионери: Краљевски Максим, Миовски Александар, Порчу Димитар (K) , Величковски Андреј ,Сековски Дарко, Николов Михаил, Лефковски Давор, Нурединовски Алтин, Николовски Марко, Јанкоски Драган и Ајетовиќ Нуман.

.
Момците на Сашо Божиноски имаа целосна доминација на теренот, отворивме со голот на Лефковски Давор кој стрелаше за 0-1 во 8.минута. Бевме во целосна офанзива веќе во 10.минута, а потоа и во 18.минута погоди Николовски Марко за високи 0-3. По половина час игра на теренот во Нова Колонија црвено-црните поведоа со голот на Ајетовиќ Нуман со 0-4. Во последните пет минути на сцена стапи Сековски Дарко, кој со два гола зголеми на 0-6, резултат со кој се замина на одмор.

.По само пет минути игра Николовски Марко, во 50.минута стрелаше за 0-7. Божиноски направи серија измени и даде шанса на целиот ростер. До крајот на овој натпревар погодивме уште четири пати за конечни 0-11, сите четири гола беа дело на играчи од клупата. Два пати мрежата на ФК Скопје ја затресе Танчев Михаил, по еднаш умешно стрелаа: Анастасов Матеј и Хасиќ Мирза.

Играа уште: Данчевски Данстак Андреј, Танчев Михаил, Брзаковски Ангел, Хасиќ Мирза, Крстевски Дамјан , Цониќ Максим и Анастасов Матеј.

Ова беше четврта победа сезонава за помладите пионери, со која остануваат на првото место на табелата.

251111835_435841141502192_6738325388655600904_n-660x330

..Пионерите на ФК Вардар, дуелот го започнаа со овој состав: Илиевски Леонид , Серафимов Давор, Трајчевски Александар, Кулуковски Влатко, Јакимовски Лука, Цветков Горјан (К), Алији Алтин, Митревски Матеј, Кузмановски Михаил и Спасиќ Тино.

.
Пионерите нападнаа по првата судиска свирна на дуелот од 5.коло во суперлигашката конкуренција од самиот почеток бевме во налет. По 11.минути игра топката дојде до Кузмановски Михаил, тој успеа да стрела за 0-1 и да го отвори резултатот. Покрај водството ние атакувавме на удвојување на предноста и бевме во офанзива. Тоа ни успеа во 25.минута кога Спасиќ Тино погоди за наша предност од 0-2, резултат кој се покажа како конечен по 45.минути фудбал во Ново Колонија.

.Во вториот дел се обидовме со офанзивна игра да ја чуваме предноста, тренерот Божиновски уфрли свежи сили во игра. Шанса за настап добија: Ристовски Стефан, Јаневски Михаил, Цикарски Дамјан, Туша Агрон и Уневски Никола. Домашниот тим во 53.минута успеа да ја преполови предноста на црвено-црните пионери, тие намалија на 1-2. До крајот успеавме да ја одржиме минималната позитива и да дојдеме до нови три бода.

Пионерите на Вардар стигнаа до вториот сезонски триумф во својата категорија.