Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Победнички генерациите на Фк Вардар против Шкупи.
Победнички генерациите на Фк Вардар против Шкупи.

Победнички генерациите на Фк Вардар против Шкупи.

Сите генерации на Фк Вардар во ова коло забележаа победи,против екипата на Шкупи.

-Најмладата генерација која се натпреварува во младинската лига,екипата на Фк Вардар У16 забележа победа на домашен терен против екипата на Шкупи со резултат 1:0.Стрелец на единствениот гол на овој натпревар беше Никола Џурџу.По воведните први две кола и порази,оваа генерација не знае за неуспех веќе долго време.Од натпревар во натпревар докажуваат дека се работи за многу квалитетна екипа.

-По поразот во минатото коло од екипата на Дрита,Фк Вардар У17 овој пат беа успешни и забележаа победа.На стадионот на Локомотива забележаа победа од 2:1 против екипата на Шкупи.По првото полувреме,гостите имаа водство од 0:1.Дамјан Менкиновски и Александар Трајчевски погодија за Вардар.Андреј Милевски беше асистент при двата гола.Оваа генерација игра многу променливо оваа сезона,по добриот почеток,имаа неколку порази.Последниве кола играат умерено,со неколку добри и лоши игри.

-За разлика од останатите генерации,момците на Љупчо Марковски пак незнаат за неуспех.Имаат шест победи по ред со импресивна гол разлика.Последниот нерешен резултат го забележија во рамките од 5 коло,кога изиграа 1:1 со екипата на Академија Пандев.Викендов пак впишаа нови три бода,совладувајќи го Шкупи во Чаир со 0:3.Стрелци на головите беа:Есмин Личина,Виктор Димков и Ердон Даци.

-И младинците на Вардар ова коло забележаа победа.Ова е веќе нивна пета победа по ред,остварена против екипата на Шкупи.Натпреварот кој се играше во Чаир заврши со победа на Вардар од 1:3.Иако имаа негатива од еден гол,сепак до крајот со три прекрасни погодоци успеаа да го свртат резултатот.Петар Петковски повторно беше стрелец за својот тим,а два пати во листата на стрелци се запиша и Сабахудин Аломеровиќ.

16.11.2014

Leave a Reply