Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Дејан Маркоски за Вардарфанс:Рано постигнатиот гол беше пресуден за конечниот победник.

Дејан Маркоски за Вардарфанс:Рано постигнатиот гол беше пресуден за конечниот победник.

Избраниците на Ане Андоновски се пласираа во следната фаза од купот на Македонија,откако на реваншот во Струмица беа подобри од екипата на Академја Пандев.Натпреварот заврши со резултат 0:2,отккао на првиот меч одигран на Локомотива ремизираа 1:1.Двата гола беа дело на капитенот Дејан Маркоски.

10337700_1514013788861185_6699708765404562042_n

-Многу добро започнавме со рано постигнатиот гол,кој ни беше многу важен.Во продолжение на натпреварот со одлична дисциплина во играта направивме неколку шанси.На крајот на мечот постигнавме уште еден погодок,со ште се беше решено околу победникот и патникот во следната фаза од националниот куп,ни изјави капитенот Дејан Маркоски за нашиот сајт.

Останаа уште три екипи,кои меѓусебно ќе одлучат кои две екипи ќе играат во финалниот натпревар од купот на Македонија.

24.11.2014

Звонко Ивановски

Leave a Reply