Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Столе Стојчевски за Вардарфанс:Вардар е мојата иднина ,еден ден пак ќе се вратам.

Столе Стојчевски за Вардарфанс:Вардар е мојата иднина ,еден ден пак ќе се вратам.

Одбранбениот играч на Фк Вардар Столе Стојчевски во наредните 6 месеци ќе биде одстапен на екипата на Турново.Стојчевски кој ги има поминато сите категории на Вардар од пионери,кадети,па се до младинци,во Вардар дојде минатата сезона од екипата на Фк Скопје каде претходно настапуваше две години.По донесувањето на Дино Најдовски од Работнички,конкуренцијата во стоперската линија се зголеми,што резултираше со позајмица на Стојчевски.

10175079_850773678283124_2111713475249950823_n

-Одам во Турново каде ќе настапувам како позајмен играч во следните 6 мес. ,каде ќе можам повеќе да играм и напредувам.Вардар е мојата иднина и еден ден пак ќе се вратам таму,но сега моите погледи се насочени кон успех со мојот нов клуб и се фокусирам само на работата тука,изјави Стојчевски за нашиот сајт.

09.08.2014

Звонко Ивановски

Leave a Reply