Старт како од соништата,ждребот сакаше најлутите ривали во нашата земја,вечните Вардар и Пелистер силите да ги одмерат уште во првото коло и тоа во Битола.
Денес во просториите на ФФМ беа извлечени двојките за новата натпреварувачка сезона,па така уште на стартот,нашиот Вардар ќе има тешка задача,на секогаш незгодниот стадион под Тумбе Кафе.Натпреварот е закажан за 03.08 (недела)
Густиот и тешок распоред продолжува и во второто коло каде ќе бидеме домаќини на можеби најголемиот претендент за титулата оваа година,екипата на тетовска Шкендија,кој треба да се одигра на 10.08 (недела) на Националаната Арена Филип II Македонски.
Во третото коло му гостуваме на стариот должник од минатата сезона,екипата на Брегалница од Штип.
Во наредните кола Вардар ќе има по лесен распоред,во деветото коло се игра и градското дерби помеѓу Работнички и Вардар.
Исто така за напоменување е дека оваа година според новото правило на ФФМ,ќе имаме 10 екипи, плеј оф лига,и плеј аут лига нешто слично како во белгиската лига.