Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар подобар од Пелистер во дербито на Македонија
Вардар подобар од Пелистер во дербито на Македонија

Вардар подобар од Пелистер во дербито на Македонија

Ждребот сакаше уште во првото коло најголемите ривали во Македонскиот фудбал Вардар и Пелистер да ги одмерат силите во Битола. Пред повеќе од 6.000 гледачи,во одлична атносвера која ја првеја најголемите навивачи групи во Македонија,Комити и Чкембари.

За нашиот најтрофеен клуб на оваа средна настапија и новите играчи Хамбарчумјан,Глигоров,Глишиќ,Грнчаров (фалаше Дашјан кој немаше сеуште сертификата за игра)

Натпреварот започна мирно,со игра на средината на теренот без посериозни шанси за гол,истота динамика продолжи и во втората фаза од првиот дел со блага иницијатива на ФК Вардар,па така на полувреме се замина со најнепопуларниот резултат за гледачите 0:0

На почетокот на вториот дел,во 50тата минута по една акција на Црвено – Црните Грозданоски убаво го најде Филип Петров кој не му беше тешко од десетина метри да го совлага Пашовски за 0:1 и огромна радост на Комитите и играчите на Вардар.
Како одминуваше натпреварот Вардар се орјентираше кон својот гол,со свесно пропуштање на поседот на топката на зелените,Вардар својата шанса се реши во последните десетина минути да ја чека од контра напад. Пелистер напаѓаше,но без успешно кон голот на Игор Павловиќ

Па така Марјан Ецковски означи крај,и голема радост на ФК Вардар со слатка победа над Пелистер во дербитo на Македонија.

фото:фквардар.мк

Leave a Reply