Во дербито на II коло Вардар убедливо ја доби тетовска Шкендија со 3:0.Пред повеќе од 2.500 гледачи на Арената Филип II Македонски,Вардар покажа дека ќе биде главен фаворит за освојување на трофејот оваа година,во директен дуел со најголемиот претендент за титулата.
Првите 30 минути од средбата се одвиваа главно на средината на теренот,со блага иницијатива на Вардар,одбраната на Шкендија капитулираше во 35 минута,каде по еден убав центаршут Филип Ивановски ја смести топката во голот на Јовановски. Во второто полувреме Вардар напаѓаше,имаше голем посед на топката,и тоа се исплатеше.Во 55 минута по една убава акција новиот играч на Вардар,ерменецот Артак Дашјан со убав шут од 10тина метри успеа да го совлада по втор пат ЈовановскиУбедливата победа на Вардар ја заокружи Ивановски со својот втор гол за конечни Вардар – Шкендија 3:0.
Со оваа победа Црвено – Црните најавија дека оваа година ќе го водат главниот збор за освојување на нова титулата.
Фото:фквардар.мк