Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Слатка победа на Вардар во Штип

Слатка победа на Вардар во Штип

Во рамките на III коло од ПФМЛ во Штип се одигра дуелот помеѓу Вардар и стариот должник на Вардарци од минатата сезона екипата на Брегалница од Штип.

clip_image002

Радоста на фудбалерите на Вардар

Стартот на натпреварот започна мирно,со блага иницијатива на Вардар,по една катастрофална грешка на капитенот на Вардар Таневски,штипјани поведоа со 1:0 со голот на Велковски.Црвено – Црните брзо израмнија со голот на Хамбарџумјан.
Со овој резултат двете екипи отидоа на полувреме.
На почетокот на второто полувреме,Таневски кој беше главен виновник за првиот гол,по уште една грешка одзади го повлече за дрес противничкиот играч,и заслужено доби втор жолт картон односно исклучување.Во играта на Вардарци тоа не се осети,и продолжија да ги напаѓаат трите бода со офанзивна игра.

Во 76 минута по една долга топка,проигран беше Ивановски кој на 15м од голот на Штипјани беше повечен од дефанзивецот на Штипјани Дарко Стојанов,што значеше и за него исклучување.

Во последните 15тина минути,Вардар го стегаше обрачот пред голот на Гачевски.
Кога сите на трибините очекуваа крај на натпреварот во 90+3 џокерот на Андреев,Петковски убаво беше проигран со долга топка,кој со шут од работ на казнениот простор успеа да го совлада Гачевски,за голема радост на Вардаровите играчи и нивните навивачи,за конечни 1:2 и големи три бода за Црвено – Црните.

Leave a Reply