Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > ОК Вардар во Независна Македонија

ОК Вардар во Независна Македонија

По осамостојувањето на Македонија почнува голготата на ОК Вардар. Тренер на тимот е Александар Тасевски, додека во клубот работат и Трифуновски и Зоран Докузовски.
Првата титула во самостојна Македонија ја освојува ОК Струмица, но затоа веќе во наредната сезона Вардар се закитува со првата шампионска титула во Македонија. Во огромна борба со големиот ривал Работнички, составот на Тасевски успева да ја освои првата титула на ОК Вардар.

ok sampioni 9394

Наместо работите да тргнат на подобро, ова претставува почеток на крајот на ОК Вардар. Клубот влегува во големи финансиски проблеми, по кои целиот состав преминува во скопскиот ривал Работнички. Следува огромна доминација на Работнички во наредните 10-тина години, доминација која ја прекинуваат Струмичките тимови Струмица и Македонија Џио. Единствениот човек поради кој клубот успева да опстои на одбојкарската сцена е Зоран Докузовски. Практично без никаква помош успева да го носи Вардар на свој грб и да овозможи клубот колку-толку да живурка во наредните 20-тина години. Години после првата титула, Докузовски во едно интервју нагласува дека главни виновници за пропаѓањето на Вардар се челниците на одбојкарската федерација на Македонија, кои почнуваат да форсираат екипа која ја сметаат за нивни фаворит (Работнички) на сметка на останатите.

 

OK Вардар 1998

Тоа доведува до повлекување на спонзорот на Вардар, по што почнува тонењето на клубот. Докузовски им замерува и на своите колеги од минатото кои морале многу повеќе да му помогнат на клубот во најтешките моменти, особено што во овој клуб ги направиле првите чекори. Тренер во клубот долги години е и Трифун Трифуновски. Во 2002 година, Центро Унион влегува како спонзор на клубот, но и покрај надежта дека ќе бидат подмирени некои долгови и клубот ќе застане на здрави нозе, тоа не се случува.
Во меѓувреме се случува финансиска криза во скоро сите традиционални тимови во Македонија. Згаснува и Работнички, проблеми имаат и Струмичките тимови, проблеми и за Велешка Маслодајна, Тетовски Југохром, па доаѓаме до ситуација во која некој да вложи малку повеќе пари, ќе направи тим за титула. Конечно во сезоната 2012/2013 спонзор на Вардар станува општина Карпош предводена од градоначалникот Стефче Јакимовски, спонзорство во кое голема улога има Трифуновски кој работи како советник во општината. Финансиска помош дава и Владимир Богоевски, а како претседател на клубот сеуште работи Зоран Докузовски.

ok vardar 90+
Под водство на тренерот Дејан Стојанов, засилен со неколку Македонски репрезентативци ОК Вардар успева да дојде до првата двојна круна во самостојна Македонија. Најпрвин, предводен од најкорисниот играч на турнирот Александар Милков, Вардар со победа од 3-0 во Тетово, го освојува својот прв национален куп во историјата. Во првенството следува многу интересна финална серија, но нашите црвено-црни играчи сред Струмица успеваат да ја добијат мајсторката со истоимениот клуб со победа од 3-1 (23-25, 25-18, 25-20, 26-24) во петиот решавачки меч.

uuuuuuuuuuuuuu
Како и после првата освоена титула, наместо таа да биде поттик за поголеми успеси и поттик за разни спонзори да влезат во клубот кој некогаш беше име во одбојкарска Југославија, клубот одново влегува во долгови, па дури не може да ги подмири ниту долговите за салата. Наредната сезона се игра со млад состав, а натпреварувањето е завршено во полуфиналето каде сме елиминирани од Крушевски Синалко.
Во оваа сезона ОК Вардар нема ниту пријавено сениорски тим во натпреварувањата. Клубот се натпреварува само во младинските категории.

Благодарност за блогот “сд.вардар„ за дел од остапениот матријал .

Leave a Reply