Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар го прегази Влазними

Вардар го прегази Влазними

Вардар триумфално мина низ Струга прегазувајќи го
третолигашот Влазними со 9:1
clip_image002

Црвено – Црните на овој 1/16 финален меч,
настапија во изменет состав со неколку
промени во тимот,но тоа беше само еден стимул повеќе за играчите со помала минутажа во ова првенство,да покажат дека ќе бидат голема конкуренција на своите колеги во тимот.

Голејадата ја започна херојот од Штип,Петковски во 10минута,истиот играч
покажа уште еднаш дека е гол играч и на оваа средба постигна четири погодоци. На него се додаде исто така специјалистот за куп мечеви од минатата сезона Филип Петров кој запиша три гола на оваа средба,успешната голејада ја надополни младиот и талентиран Димитар Иванов со два погодоци.

Со оваа победа Вардар го мина 1/16 финалното скалило,и го очекува противникот во 1/8 финалето од купот на Македонија.

фото:фквардар.мк

Leave a Reply