Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победничко коло во детската лига за вардаровите генер. 2009 и 2010
Победничко коло во детската лига за вардаровите генер. 2009 и 2010

Победничко коло во детската лига за вардаровите генер. 2009 и 2010

Успешно коло во детската лига за вардаровите генерации 2009 и 2010 кои утрово на терените на ФФМ ги добија дуелите со своите противници.

Вардар (1) генер. 2009 го доби дуелот со екипата на Кул, на овој меч избраниците на Илија Колевски славеа убедливо со резултат 9:0. Противникот на овој меч се обидуваше да даде отпор, но Вардар се покажа како пресилен и по првиот дел имавме солидна предност од 3:0. Во второто полувреме, црвено-црните играа „викторија“ пред противничкиот гол, а Кул доживеа убедлив пораз. Хет-трик на овој дуел постигна Јаков Стојковски, додека два гола беа за Васе Папалиски. По еднаш во листата на стрелци се запишаа уште и Дарин Михајловски, Павел Котески-Митроски, Матеј Крстевски и Марко Петровски.

До триумф стигна и Вардар (2) кој беше подобар во дуелот со Кул (2), со резултат 2:1 и тука на полувреме имавме предност од 1:0. Головите беа дело на Максим Павловски и Антониј Аџиоски.

Победничко коло имаа и најмладите вардарци од генерацијата 2010, тие за противник ја имаа екипата на Гроздановски. Вардар (1) ја совлада екипата на Гроздановски (1) со резултат 4:1. Дарио Илиќ на овој меч постигна два гола, додека по еден беа дело на Стефан Ристиќ и Далибор Марковиќ.

Вардар (2) беше многу поубедлив на мечот со Гроздановски (2), славејќи победа со резултат 9:0. Свое гол шоу на овој меч имаше Благојче Седлоски кој успеа да постигне пет голови, додека Петар Васоски постигна два гола. Во листата на стрелци се запишаа уште Давид Лозановски и Лука Пацески.