Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > Дибиров: Во Вардар поминав многу убави моменти, со солзи ќе ја напуштам Македонија
Дибиров: Во Вардар поминав многу убави моменти, со солзи ќе ја напуштам Македонија

Дибиров: Во Вардар поминав многу убави моменти, со солзи ќе ја напуштам Македонија

Заминувањето на сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко силно одекна не само во Македонија, туку и пошироко низ светот. Сите беа изненадени од одлуката на господинот Самсоненко кој преку соопштение ја извести јавноста дека од следната сезона нема да биде во можност да продолжи со финансирање на ракометниот клуб Вардар. Еден од играчите кој дојде во клубот уште од ерата на Самсоненко, е секако Тимур Дибиров и тој изненаден од одлуката, вели дека со солзи ќе ја напушти Македонија. Во интервју за „Брз Центар“ тој зборуваше за моменталната ситуација во клубот.

-За заминувањето на Сергеј слушавме само шпекулации. Мислевме дека работите во клубот се одвиваат нормално. Бевме повикани на состанок до директорот Давор Стојановски, кој ни соопшти дека проектот завршува на крајот од сезоната. Не можеме ништо да направиме, Сергеј сигурно има свои причини за ова што се случува, тоа не е наша работа да е мешаме. Тешко ќе ми биде да ја напуштам Македонија. Сигурно тоа ќе биде со солзи. Тука поминав многу убави моменти. Вардар секогаш ќе биде нешто што ќе биде дел од мене.

Вардар во наредниов период го очекува четврфиналето од ЛШ, против екипата на Пик Сегед. Оваа вест доаѓа во лош момент, но Дибиров вели дека неговите соиграчи ќе одиграат професионално до крајот на сезоната.

-Ние сме професионалци. Се согласивме да ги исполниме сите наши обврски, а се надеваме дека и клубот ќе го направи истото кон на. Ги чекаме двата дуели против ПИК Сегед и ќе направиме се за да обезбедиме пласман на Ф4, иако по вакви вести, тоа ќе влијае психолошки на нас. Сите играчи кажаа дека нема да си одат до крајот на сезоната. Глупаво би било ако стигнавме до тука, да не направиме ништо во најважниот меч на крајот на овој пат. Последниот меч ќе биде на 25 април пред најдобрата публика во светот. Сите билети се продадени и не смееме да си дозволиме да не го одиграме овој натпревар најдобро што знаеме, истакна левото крило на Вардар.