Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Slider > Кадетките на РК Вардар го победија конкурентот за пласман на Ф4 турнирот, црвено-црните влегуваат во отворена борба за второто место во групата
Кадетките на РК Вардар го победија конкурентот за пласман на Ф4 турнирот, црвено-црните влегуваат во отворена борба за второто место во групата

Кадетките на РК Вардар го победија конкурентот за пласман на Ф4 турнирот, црвено-црните влегуваат во отворена борба за второто место во групата

Кадетките на ракометниот клуб Вардар стигнаа и до втората пролетна победа, откако денес успеаа да ја совладаат екипата на РК Алушовски во рамките на групата 2 од кадетската лига. На мечот кој се одигра во С.Ц. Форца, славеше Вардар со резултат 21:24.

Домашниот тим покажа сила во првите 8.минути од натпреварот кога имаше предност од 4:2, но црвено-црните му дадоа до знаење на противникот дека се дојдени по бодовите. Следеше наш добар период во кој направивме серија од 0:5, со што успеваме да поведеме со резултат 4:7. Само за момент Алушовски ја прекина лошата серија кога постигна гол и намали на 5:7, но разиграните вардарки постигнаа четири последователни голови, со кои зголемија веќе на 5:11. До крајот на првиот дел избраничките на Платон и Папуџиева ја одржуваа предноста, па на полувреме се замина со резултат 8:13.

Добро го стартувавме и второто полувреме, кога по само пет минути игра имавме и најголема позитива од седум голови разлика (10:17) беше резултатот на семафарот, па изгледаше дека нашите кадетки ќе немаат проблеми до крајот на мечот, околу прашањето за победникот. Сепак не мислеше така и противникот кој искористи неколку наши грешки, за да направи серија од 5:1 и да стигне до само три гола негатива (15:18). Вардарки повторно го забрзаа темпото на игра, тоа ни донесе и одлепување на 17:21, но Алушовски врати со два погодоци и стигна до само два гола разлика (19:21). Сепак немаше време за некој голем пресврт, вардарки беа присебни во последните пет минути и не дозволија изненадување, по истекот на 60 минути славиме со резултат 21:24.

Најефикасна во редовите на Вардар беше Бојана Коцева која успеа да постигне 7 голови. Ова беше голем триумф за нашите кадетки со оглед дека беше совладан противник кој е наш конкурент за Ф4 турнирот. Со оваа 6.победа во лигата нашите кадетки дојдоа до само два бода негатива од тимот на Алушовски, од кој имаме и меч помалку за одигрување. За потсетување, Вардар го загуби првиот дуел на домашен терен од истиов противник.

Вардар: Коловска 2, Пешиќ 4, Бој.Коцева 7, Борј.Коцева 2, Андовска 1, Равојска, Крагељ, Тошевска 1, Радевска 2, Максимовска, Христоска, Ангеловска 2, Миланова, Трајковска, Ѓорѓиевска, Стефаноска 3.