Sunday ,20 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар против Струга, за пласман на завршниот турнир во купот
Вардар против Струга, за пласман на завршниот турнир во купот

Вардар против Струга, за пласман на завршниот турнир во купот

Денес со почеток од 18:00 часот, вардарци ќе го одиграат и последниот решавачки натпревар за пласман на завршниот турнир во купот на Македонија. Црвено-црните ќе гостуваат на екипата на Струга.

Вардар вчера лесно и рутински со комбиниран состав го победи тимот на РК Прилеп (45:21). Во двете полувремиња настапивме со различни состави, во првиот дел играа играчите од првиот состав, додека целото второ полувреме го одигравме со постава која е дел од кадетско-младинскиот состав на клубот. Екипата на Струга пак вчера се „намачи“ во дуелот против екипата на Металург 2, на дуел кој се одигра во спортската сала во населбата Автокоманда. Цели 30 минути домашниот тим даваше силен отпор, но поголемото искуство и возраста на Струга дојде до квалитетот во вториот дел, кога направија серија од погодоци и на крајот триумфираа убедливо со резултат 36:28.

На денешниот дуел кој ќе се одигра во Струга, во составот на Парондо повторно ќе бидат играчите од кадетскиот состав, а сигурно тука ќе бидат и првотимците, кои треба да ја направат потребата разлика на теренот. Вардар е актуелен освојувач на купот, последна шанса за трофеј под водство на Сергеј Самсоненко, кој на крајот од сезоната најави повлекување од клубот.