Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар поразен во меч со многу пресврти од Пелистер
ЖРК Вардар поразен во меч со многу пресврти од Пелистер

ЖРК Вардар поразен во меч со многу пресврти од Пелистер

Денес во “Јане Сандански“ во возбудлив дуел со многу пресврти тимот од Битола, екипата на ЖРК Пелистер успеа да биде подобра од црвено-црниот тим. Вардар забележа пораз во овој дуел до плеј-офот со резултат 29-32.

d2-2
Тргнавме со негатива од 0-2, и 1-3 во 4.минута намаливме на гол негатива 2-3 со двата погодоци од пенал на Седлоска. Повторно одигравме лошо во одбраната па со два врзани гола противникот успеа да поведе со 2-5. Николиќ стапи на сцена, погоди три пати по ред, доста се бореше, ривалот врати еднаш, Милица не врати повторно на гол негатива 5-6, таа денес покажа карактер на лидер. Битолскиот тим отиде на 5-8, но Николиќ повторно ‘“бомбардираше“ погоди два пати, и со голот од пенал на Трпевска Ивона дојдовме на 8-8 во 16.минута. Зелено-белата клупа веднаш побара минута одмор за да го прекине нашиот налет. Тоа не им погогна многу па по одземене топка во одбраната Фани Ѓорѓиевска имаше брза контра по која првпат поведовме (9-8). Противникот успеа да се издигне и на пет минути до крајот поведе со 11-14. Кога не иде Николиќ не враќаше, таа погоди, па Ѓорѓиевска имаше гол по контра, на голот Грујовска Симона успеаа да фати удар и напаѓавме за нерешено. Противникот подобро ги искористи последните минути и отиде на одмор со 14-16.

d-2
Вториот дел противникот го започна со три погодока и отиде на плус пет, 14-19. Заигравме поангажирано во поле, погодуваа Николиќ два пати, потоа Костовиќ со што дојдовме на подносливи два негатива, 17-19.Со истата негатива влеговме и во 39.минута кога губевме 19-21, Мими Петковска се вивна силно погодувајќи од крило, Грујовска фати удар на ривалот, тоа во напад го награди Фани за реми 21-21 во 41.минута од мечот. Со реми 25-25 на семафорот влеговме во последните десет минути. Голема битка водеа црвено-црните, Грујовска фаќа лоб удар кога сите го видоа зад нејзиниот грб, давајќи ни шанса за предност, тоа веднаш го искористува Симовски и бара минута одмор за консултации пред последните возбудувања. Седлоска од пенал донесе водство со 26-25, кое веднаш во следниот напад од пенал го анулираше ривалот. Пелистер со серија 1-3 во последните 4.минути влезе со предност од 27-29. Трпевска од пенал со одличен удар со пад намали на 28-29 и внесе неизвесност. Концетрацијата во нападот ни попушти тоа го искористи зелено-белиот тим и дојде до бодови со резултат 29-32.

d3-3
Кај нас  на оваа средба Николиќ Милица остави срце на терен и даде 11 гола, Фани Ѓорѓиевска повторно е на ниво, погоди денес 7 пати. Голманот Симона Грујовска имаше шест одбрани од кои повеќето во клучни моменти.