Екипата на Вардар ќе игра на завршниот турнир во купот на Македонија, откако во решавачкиот меч успеавме да ја победиме екипата на Струга.
И на овој дуел настапивме со играчи од младинскиот состав, додека од првиот состав на теренот беа руските репрезентативци Кисељев, Калараш, Шишкарев, како и голманот Милосављев, а тука беа и поискусните Недановски, Поповски и Војводиќ. Вардар по првото полувреме ги реши дилемите за победникот, кога направи разлика од осум гола во својка корист (11:19). Во вториот дел повторно шанса добија играчи од школата на Вардар, кои успешно ја одржуваа предноста, за на крајот да славиме триумф со резултат 24:29.
Најефикасни во составот на Вардар беа Поповски со 8 и Кисељев со 7 голови.
Вардар: Чакалиќ, Недановски 1, Поповски 8, Савревски, Димитријевски 1, Србиновски, Грујовски 1, Калараш 4, Димчевски, Шишкарев 2, Војводиќ 4, Кисељев 7, Калајџиески, Милосављев, Мишевски 1, Кизиќ.
На завршниот турнир во купот покрај Вардар ќе играат уште и екипите на Металург, Еурофарм Работник и Бутел. Во наредниот период за Вардар го очекуваат натпревари од 1/4 финалето во ЛШ, противник е екипата на Пик Сегед.
Фото: Gol.mk