Денес на терените на ФФМ, своето коло од детската лига го одигра генерацијата на ФК Вардар родени “2010„ година. Тие за противник ја имаа екипата на Форца, против која забележавме половичен успех од една победа и пораз.
Вардар (1) го доби својот дуел со екипата на Форца (1) и тоа убедливо со резултат од 6:0. Уште во првата минута од натпреварот, Стефан Ристиќ го отвори натпреварот со гол и му донесе водство на Вардар од 1:0. Истиов играќ имаше уште две прилики за погодок, но резултатот остана непроменет. За втор гол во мрежата на Форца се погрижи Далибор Марковиќ, кој го зголеми водството на 2:0. На полувреме се замина со овој резултат.
Во вториот дел постигнавме уште четири голови во противничката мрежа. Марковиќ и Сивевски се најдоа во прилики но без реализација. Бевме подобри на овој меч и заслужено стигнавме до победата. Стефан Ристиќ со својот втор гол донесе поголема предност за Вардар од 3:0, а до крајот на мечот во листата на стрелци се запишаа уште и Драган Гечев кој постигна два гола, како и Далибор Марковиќ за кој ова беше исто така втор погодок, за на крајот триумф со резултат од 6:0.
Вардар (2) го загуби својот меч од екипата на Форца (2), со резултат 3:6. Три играчи се запишаа во листата на стрелци, во составот кој го предводи Зоран Петковски. Тоа беа Петар Васовски, Давид Лозанов и Лука Пацески.