Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ГРК Гостивар без шанси, пионерките на Вардар стигнаа до четвртата последователна победа во лигата
ГРК Гостивар без шанси, пионерките на Вардар стигнаа до четвртата последователна победа во лигата

ГРК Гостивар без шанси, пионерките на Вардар стигнаа до четвртата последователна победа во лигата

Пионерките на РК Вардар стигнаа до четвртата последователна победа во рамките на групата 1 од лигата, откако во малата сала на С.Ц. Јане Сандански убедливо ја совладаа екипата на ГРК Гостивар со резултат од 28:5.

Интересно на стартот од мечот, гостинската екипа во два наврати имаше предност од 0:1 и 1:2, но тоа беше се што успеаа да сторат на овој дуел. Во следните десет минути, избраничките на Платон направија серија од 10:0 и стигнаа до двоцифрена предност од 12:2. Погодуваа Бојана Коцева, Магдалена Тошевска, Зорица Андовска и Мила Крагељ, а најголем дел од головите беа од контра-напади. Дури во 18 минута, ГРК Гостивар го прекина лошиот период кога намали на 12:3, додека на одмор се замина со висока предност на Вардар од 13:4.

3

Во второто полувреме, екипата на Гостивар постигна само еден и единствен гол и тоа во 30 минута, што на крајот се покажа како единствен за нив во овој дел од натпреварот. Првиот гол во второто полувреме падна после три минути игра, а беше дело на Бојана Коцева, за истава ракометарка со два последователни голови да зголеми и на 17:4 во 27 минута. Тренерот, Платон им даваше шанса за игра на сите, а со погодоци се истакна и Ива Ангеловска. На голот за одбележување се и неколкуте одбрани во вториот дел на Вероника Ѓоргиевска. На крајот победа изразена со голема разлика, резултатот конечен е 28:5.

2 4

Вардар: Ѓоргиевска, Андовска 3, Крагељ 1, Равољска , Мирчевска, Коловска 3, Трајковска, Христоска, Борјана Коцева 3, Тошевска 4, Ангеловска 5, Максимовска 1, Миланова, Пешиќ 1, Радевска 1, Бојана Коцева 6.