Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Подмладениот ЖРК Вардар повторно со гостинска победа, падна и Деспина
Подмладениот ЖРК Вардар повторно со гостинска победа, падна и Деспина

Подмладениот ЖРК Вардар повторно со гостинска победа, падна и Деспина

Екипата на ЖРК Вардар ги продолжи  натпреварите во Супер-лигата, избраничките на Симовски и Ристова  гостуваа во Прилеп, на екипата на Деспина, во рамките на 4. коло. Нашите девојки на вториот гостување со вака “подмладен“ тим дојдоа до нова победа.

q3

Ние го добивме дуелот по многу борба со резултат 31-29 (14-15). Дуелот се отвори со по еден гол на двете страни за почетни 1-1, се играше потоа гол за гол се до 5-5. Потоа ние со два голови се одлепивме на 5-7, а потоа и водевме и со четири плус односно 7-11. Домаќинот во продолжение успеаа да намали па на одмор заминавме со само гол предност, 14-15. Вториот дел почна со изедначување на 15-15, се играше гол потоа се до 20-20. Следеше она што всушност и донесе победа, клучната серија 0-4 со која девојките на Симовски и Ристова  се одлепија на 20-24. Со мудра игра се до крајот тие успеаа да ја задржат предноста која прилепскиот тим успеаа само да ја преполови што не беше доволно.

q

Гоцевска Марија беше прв стрелец кај нас со  седум гола, гол помалку имаше Мирјана Петковска, на голот Грујовска Симона имаше осум успешни одбрани. 

ВАРДАР: Илиќ, Грујовска(8одб.), Гоцевска 7, Ѓеоргиевска 3, Божиновска 1, Џатевска, Трпевска 2, Гроздановска 1, Костовиќ 1, Диневска 1, Седлоска 1, Коларовска 2, Јаковчевска, Петковска 6, Дамјановска 2, Николиќ 4.