Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери го добија дербито, додека пионерите го загубија, на натпреварите со екипата на Македонија Ѓ.П
Помладите пионери го добија дербито, додека пионерите го загубија, на натпреварите со екипата на Македонија Ѓ.П

Помладите пионери го добија дербито, додека пионерите го загубија, на натпреварите со екипата на Македонија Ѓ.П

Помладите пионери се вратија на победите, трет натпревар во серија за пионерите без триумф.

Голема победа за помладите пионери, на дерби натпреварот од 6.коло во Супер Лигата против екипата на Македонија Ѓ.П.

Утрово на теренот во Ѓорче, натпревар одиграа помладите пионери на Македонија Ѓ.П и Вардар. Како подобар противник се покажа Вардар кој на крајот славеше победа со резултат 0:2, со по еден гол во двете полувремиња од натпреварот.

Се играше 15.минута кога Антонијо Крстевски го отвори резултатот и донесе водство на Вардар од 0:1, после одлична акција и протурена топка од Давитов кој асистираше до Крстевски, овој од некаде 16.метри успешно пласираше за наша предност. Во овој дел од натпреварот имавме уште неколку обиди, но најчесто завршуваа во рацете на противничкиот голман. Зицер позиција имаше и Михаил Јорданоски, но не успеа да донесе повисока предност.

После само три минути игра во вториот дел, Вардар го зголеми водството на 0:2, со голот на Петар Давитов. После наш пресинг, Шаботиќ успеа да одземе топка и прецизно асистираше до Давитов кој ја погоди противничката мрежа. Во завршните десет минути од натпреварот, домашниот тим имаше два обиди, но ништо посериозно кон голот на Јаневски. На крајот победа за нашите надежи со резултат 0:2.

Вардар: Лука Јаневски, Мичо Поповски (К), Филип Смиљков, Марко Крстевски, Петар Давитов, Михаил Јорданоски, Ненад Стојанчевски, Антонијо Крстевски, Емир Шаботиќ, Златко Радески, Филип Дамевски.

Играа уште и Петар Котевски, Фуад Керими, Стефан јаневски, Михаил Димов и Гоце Трајчевски.

Пионерите иако први го отворија резултатот, сепак на крајот го загубија натпреварот со резултат 3:1. Трет натпревар во серија оваа генерација не знае за победа.

Се играше 3.минута од натпреварот кога после изведен корнер, Матеј Гаштаров беше најприсебен за наше водство од 0:1, но тука како да застанавме на денешниот натпревар од Пионерската Супер лига. Во 17.минута екипата на Македонија Ѓ.П го израмни резултатот со голот на Цури, за 1:1 резултат со кој се замина на одмор.

Во вториот дел, домашната екипа уште во два наврати ја тресеше нашата мрежа. Во 63.минута резултатски пресврт донесе Јолаковски, за победата да биде осигурана во 73 минута кога погоди Давковски, за конечни 3:1.

Вардар: Максим Краљевски, Лука Атанасовски, Димитар Порчу (К), Марко Николовски, Андреј Величковски, Михаил Танчев, Матеј Гаштаров, Дамјан Алексовски, Ангел Брзаковски, Александар Миовски и Хабиб Бектеши.

Играа уште и Дарис Грбовиќ, Мирза Хасиќ, Максим Цониќ и Матеј Ѓорѓиевски.