Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Полуфинале на меѓународниот турнир „Истанбул Куп“ за генерациите 2008 и 2009 на ФК Вардар
Полуфинале на меѓународниот турнир „Истанбул Куп“ за генерациите 2008 и 2009 на ФК Вардар

Полуфинале на меѓународниот турнир „Истанбул Куп“ за генерациите 2008 и 2009 на ФК Вардар

Генерациите 2008 и 2009 се пласираа во полуфиналето на силниот меѓународен турнир во Турција, „Истанбул Куп“.

Денес на вториот натпреварувачки ден, генерацијата 2009 забележа две победи, додека една победа им припадна и на генерацијата 2008.

Екипата предводена од Златко Тасевски, генерацијата 2009 оствари две победи. Најпрво стигнавме до триумф на дуелот со екипата на Есеник Атлетик, со конечен резултат од 12:0, додека во рамките на 3.коло ја победивме и екипата на Јилдерим Босна со резултат 2:0.

Генерацијата 2008 на Влатко Колев, во еден неизвесен и пред се квалитетен натпревар, минимално со резултат 1:0 беа подобри од екипата на Маруфспор.

Утре е последен натпреварувачки ден на турнирот, на кој се играат полуфиналните и финалните натпревари. Им посакуваме многу среќа на нашите екипи и секако медали.