Денес во Тетово првото пролетно коло во регионалната-скопска лига го одиграа генерациите на ФК Вардар родени 2004 и 2005 година.
Генерацијата на ФК Вардар 2004 успеа да слави на гостувањето кај екипата на Шкендија со резултат 1:2. Иако домашниот тим прв успеа да го отвори резултатот, сепак трите бодови на овој меч му припаднаа на Вардар. Сите голови паднаа во првото полувреме, а Шкендија го отвори резултатот и поведе со 1:0 во 14 минута од натпреварот. Сепак после само шест минути игра, вардарци успеваат да се вратат во игра и со погодокот на Сандро Каровски да го израмнат резултатот на 1:1. Во 24 минута, Вардар направи комплетен пресврт и успеа да поведе со 1:2 со голот на Левент Ибраим. Овој резултат до крајот на мечот се покажа и како конечен. После денешниот триумф, Вардар се врати на првото место на табелата во регионалната-скопска лига.
Вардар: Ангелов, Павлески, Љушев, Каровски, Милошевски, Јаневски, Стоимов, Дошев, Ибраим, Идризи, Гуџуфи.
Во игра влегоа уште и Стојановски, Хајдари и Перковски.
Генерацијата на ФК Вардар 2005 го доживеа првиот пораз оваа сезона, откако беше поразена во дуелот со Шкендија. Домашниот тим имаше предност по првото полувреме со 1:0. Филип Јовановски беше играчот кој во 65.минута од мечот успеа да донесе израмнување од 1:1, но за жал вардарци не издржаа до крајот и на пет минути пред крајот примија гол за 2:1, што беше и конечен резултат
Вардар: Илиевски, Ристовски, Јакимовски, Јовановски, Спасиќ, Величковски, Гаштаров, Кукуловски, Таневски, Цветков, Коловски.
Во игра влегоа уште Сековски, Лефковски и Галевски