Младиот состав на Вардар Јуниор доживеа пораз на натпревар од 18.коло во Супер-лигата. Во малата сала на С.Ц. Јане Сандански, Еурофарм беше домаќин на Вардар Јуниор кој го совлада со резултат 39:30.
Вардар Јуниор добро се држеше до 12.минута од мечот кога имаше предност од 6:7, потоа Еурофарм успеа да се одлепи и на крајот од првото полувреме да има висока предност. Натпреварот започна со гол на условно домашниот тим на овој меч, тимот на Еурофарм, но Вардар Јуниор врати со три гола во серија, дело на Кукуловски и Крстевски за да поведе со 1:3. Сепак тимот од Битола направи серија од 5:1 и во 7 минута од мечот стигна до водство од 6:4. Избраниците на Стојан Петрушевски се бореа храбро не се предаваа, но пред себе имаа многу поискусен тим кој оваа сезона се натпреварува во групната фаза од ЕХФ купот.
Следеше серија на Вардар од 0:3, кој со головите на Чакалиќ и Кукуловски успеа да го сврти резултатот и да поведе со 6:7, и ова беше последно водство за Вардарци на овој меч. Следеше серија на Еурофарм од 5:1 за прв пат да има предност од три гола (11:8). Вардар за момент намали со голот на Игор Ѓорѓиев, но избраниците на Алушовски постигнаа три гола во серија и се одлепија на 14:9. Со погодокот на Џукиќ стигнаа и до предност од 16:10, додека во последната минута Еурофарм имаше и двоцифрена предност, но во последните три секунди Атанасовски Стефан погоди за 24:15, резултат на полувреме.
Вториот дел започна со мини серија од два погодоци на Еурофарм за водство од 26:15, но Вардар Јуниор успеа да ја смали негативата на 28:20, откако Андреј Петковски сврза неколку одбрани, додека Мартин Димов погоди за намалување. Со голот на Крстевски, екипата на Еурофарм во 49 минута од мечот имаше највисоки 36:22. Со головите на Цветаноски, Чакалиќ и Кукуловски, Вардар Јуниор на три минути пред крајот успеа да намали на 38:29. На крајот триумф за Еурофарм, изразен со резултат 39:30.
Дејан Кукуловски постигна 11 голови, додека по 4 беа дело на Стефан Крстевски и Стефан Атанасовски.