Денес во Автокоманда во рамки на 18.коло, ЖРК Вардар во младинското дерби му гостуваше на Металург. Домашниот тим во клучниот дуел за титулата дојде до победа со резултат 27-25. За жал, среќата, нашите грешки во играта, арбитрите и домашниот терен беа на стана на сино-белите попладнево.
Домаќинот на почетокот поведе со 2-1 во 2.минута од ова дерби. Ние успеавме да наметенеме игра и во следните три минути направивме пресврт. Со головите на Петковска Мирјана, Диневска Бојана и Николиќ Милица заедно со две одбрани на голманот Илиќ во 5.минута поведовме со 2-4. Во продолжение направивме неколку технички грешки тоа го искористи ривалот и со серија 5-1 поведе со 7-5 во 14.минута. Ние веднаш се вративме во игра и со головите на Катерина Дамјановска и Трпевска Ивона намаливме на 8-7. Во продолжение игравме гол за гол се до 11-10, за нас погодија Трпевска, Ана Марија Коларовска која се врати по повредата и покажа храбост денес и Петковска Мими која атрактивно стрелаше. Во финишот не се снајдовме најдобро, домаќинот успеа да поведе со 15-10 и да замине на одмор со големи пет позитива.
Пеколно влеговме во вториот дел, со голема мотивација и веднаш тоа донесе серија 0-3 по која намаливме на 15-13 по само 120секунди игра. За нас најпрвин Николиќ Милица погоди со силен удар, потоа на голот две одбрани врза нововлезената Симона Грујовска, а Трпевска Ивона двапати блесна погодувајќи за 15-13, таа денес погоди највеќе од сите девојки, погодуваше од двете крилни позиција, лобуваше. Металург поведе со 17-13, ние со пеналот кој го погоди Седлоска откако борбено го избори Ана Марија Коларовски, која и потоа погоди, тоа беше нејзин втор гол се вративме во игра намалувајќи на 17-15. Арбитражата на овој дуел беше очајна, нормално на штета како и секогаш на црвено-црниот тим. Нашите девојки кога и да беа во налет, добиваа исклучувања и нелогички одлуки. Домаќинот поведе со 19-16, ние погрешивме во напад Грујовска фати конта на спектакуларен начин, тргнавме да се доближиме. Сепак повторно некој нелогички одлуки беа наш противник. На средината од вториот дел на семафорот стоеше 22-16, во повеќето време од оваа прва половина од овој втор период ние бевме со една или со две ракометарки помалку во поле. Во последната четвртина ние одигравме подобро успеавме да намалиме четири гола од предноста на сино-белите, сепак немаше време за да успееме да направиме пресврт. Победата за Металург дојде со резултат 27-25.
Вардар: Трајкоска, Ѓорѓиевска, Божиновска1, Грујовска 4одб, Џатевска, Трпевска 6, Илиќ 9одб, Гроздановска, Костовиќ 1, Диневска 3, Миновска, Седлоска 4, Коларовска 2, Петковска 3, Дамјановска 1, Николиќ 4.