Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Со вкупен резултат од 10:0, пом.пионери на ФК Вардар се пласираа во големото финале на купот
Со вкупен резултат од 10:0, пом.пионери на ФК Вардар се пласираа во големото финале на купот

Со вкупен резултат од 10:0, пом.пионери на ФК Вардар се пласираа во големото финале на купот

Помладите пионери ја потврдија својата доминација во дуелите со Њу Старс и се пласираа во големото финале на купот. Утрово на теренот во Ѓорче беше одигран реванш мечот од полуфиналето, кој се покажа како формалност, со оглед дека Вардар имаше висока предност од 7:0 после првиот одигран дуел.

Денес избраниците на Деспотовски не пропуштија ништо на случајноста, па забележаа нов четврти последователен триумф со овој противник. Уште по првото полувреме ги решивме дилемите за победникот кога резултатот беше 0:3, кој на крајот се покажа и како конечен. Дарио Јовановски беше играчот кој го отвори резултатот за 0:1 во 18 минута од дуелот. Антонио Мирков беше играчот кој ги постигна следните два гола, најпрво во 32 минута, за во 40 минута да ги постави конечните 0:3 на овој меч

Вардар: Јовчев, Марковски, Трпезановски, Стојчевски, Ѓорѓоски (c), Ѓорѓиевски, Саит, Давидовски, Јовановски, Мирков, Андрески.

Во игра влегоа уште и Петковски, Исмаиљи и Лозановски. На тој начин со вкупни 10:0 помладите пионери на Вардар се финалисти во купот, каде ќе играат против екипата на Академија Пандев.