Денес на програмата се нови ракометни натпревари во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство. На терените ќе видиме вкупно седум ракометари од редовите на Вардар.
Русија пред своите навивачи во дербито на групата ќе ја пречека селекцијата на Унгарија. Селекторот и воедно спортски директор на Вардар, Едуард Кокшаров го објави составот на кој ќе смета за вечерашниот меч, кој стартува од 19:30 часот. Во истиот место имаше и за пет играчи на Вардар, се работи за Дибиров, Горбок, Кисељев, Шишкарев и Калараш, додека во составот е и најновото засилување на вардарци, се работи за пикерот Горпишин. Помошник на Кокпшаров е Дејан Периќ, тренерот на голмани во Вардар.
Настап денес за репрезентацијата на Летонија ќе има и Даинис Кристопанс. кој гостува кај селекцијата на Естонија.
Најинтересниот натпревар денес ќе се одигра во белградската арена, во која Србија ќе ја пречека Хрватска. Интересно влезот за ова балканско дерби е бесплатен, па сигурно дека ќе нема празно место во арената. Во двете репрезентации ќе видиме и по еден играч на Вардар. На голот на Србија ќе биде Дејан Милосављев, додека кај Хрватска во составот е Игор Карачиќ. Мечот својот почеток го има од 18:00 часот.
Вчера Македонија издвојува голема победа во дуелот со Исланд (33:34), меч на кој вардаровиот капитен, Стојанче Стоилов успеа да постигне четири голови.