Вардар го делат уште 120 минути до нов историски пласман на завршниот турнир во Келн, а последна пречка до остварување на целта ќе ни биде екипата на Пик Сегед. Од ЕХФ излегоа со интертесни факти пред одигрување на четвртфиналните мечеви.
Интересно во најдобрите осум екипи за оваа сезона, има дури шест шпански тренери кои имаат можност и да се најдат на Ф4 турнирот во Келн. Тоа се Гарсија Парондо ( Вардар), Раул Гонзалез ( ПСЖ), Чави Пасквал ( Барселона), Талант Душебаев ( Киелце), Давид Дејвис ( Веспрем) и Карлос Пастор ( Пик Сегед).
Иван Чупиќ е играчот кој успевал да го одбрани трофејот во Лигата на Шампионите од кога постои новиот формат на натпреварување. Десното крило на Вардар најпрво во 2016 година стана Европски Шампион со Киелце, за следната 2017 овој успех да го повтори и со Вардар кој се искачи на врвот на Европа. Хрватот е се уште во конкуренција за освојување на трофеи во најголемото натпреварување.
Дури тројца играчи на Вардар се наоѓаат во ТОП-6 листата на најдобри стрелци, што се однесува до екипите кои се пласираа во 1/4 финалето. Листата на стрелци изгледа вака:
1. Алекс Душебаев ( Киелце) – 81 гол
2. Кирил Лазаров ( Нант) – 70
3. Валеро Ривера ( Нант) – 69
4. Даинис Кристопанс ( Вардар) – 67
5. Иван Чупиќ ( Вардар) – 65
6. Тимур Дибиров ( Вардар) – 65.
За одбележување е дека и вкупно 13,336 навивачи во живо ги проследиле двата осминафинални дуели на Вардар и Загреб.