Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > (ФОТО) Пом.пионери на Деспотовски тргнаа за Сараево, познати играчите кои ќе ги бранат боите на Вардар
(ФОТО) Пом.пионери на Деспотовски тргнаа за Сараево, познати играчите кои ќе ги бранат боите на Вардар

(ФОТО) Пом.пионери на Деспотовски тргнаа за Сараево, познати играчите кои ќе ги бранат боите на Вардар

Утрово помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар заминаа за Сараево, каде од утре ги започнуваат настапите на турнирот  “Играј фудбал, живеј живот“ , на кој покрај црвено-црните ќе настапат уште и седум други екипи од Балканот.

Тренерот Филип Деспотовски во Сараево ги понесе следниве играчи: Лука Стојковски ( голман), Дарио Јовановски, Грегори Давков, Дарко Трпезановски, Дамјан Марковски, Филип Ѓорѓиевски, Алек Сељанац, Филип Ѓорѓоски, Андреј Стојчевски, Петар Давидовски, Петре Тасевски, Лео Андрески, Антонио Мирков, Славче Живков, Георг Стојановски, Абдулах Хасани, Сулејман Исмаиљи, Харим Алими.

Вардар е во група со екипите на МТК, Локомотива Загреб и Сараево, додека другата група ја сочинуваат Црвена Ѕвезда, Мура, Железничар и Локомотив Пловдив. Утре со почеток од 11:00 часот ќе го одиграме првиот натпревар, против домаќинот на турнирот, екипата на Сараево. Во четврток на програмата е второто коло, а противник е екипата на Локомотива Загреб, додека во петок играме против МТК од Унгарија. Само екипите кои ќе завршат на првото место во двете групи ќе играат во финалето, додека второпасираните ќе се борат за третото место. Вардар ќе настапи со генерацијата 2003, иако овој турнир е за играчи родени 2002 година. Турнирот ќе биде пренесуван на каналите на Спорт Клуб.