Најуспешната младинска школа во земјава последните години на фантастичен начин ја заврши оваа сезона. Вардарци триумфираа во двете најмлади категории кошаркари М12 и М13 со тоа што на во двете конкуренции „црвено-црните“ освоија три од вкупно шесте одличja.
Во финалниот натпревар од М13 Вардар го победи ФМП со 69:46, а за најкорисен играч беше прогласен Бојан Величковски. Куриозитет е тоа што на завршниот турнир „црвено-црните“ учествуваа со две екипи, а втората го освои третото место по триумфот над МЗТ Скопје. Една година помладите кошаркари ја освоија титулата благодарение на победата во финалето против Партизан Водно Санс. Доријан Ивановски беше МВП на завршниот турнир, а М12 и М13 екипите на Вардар ги предводеа Александар Ашаданов и Никола Данев.
Со ова е крунисана една од најуспешните сезони на Кошаркарскиот клуб Вардар во неговата историја, сметајќи ги екипите и во машка и во женска конкуренција.
Сениорките ја освоија двојната круна во македонската кошарка, првпат во краткото постоење на тимот, сениорите обезбедија опстанок во елитата, а младинската школа се закити со еден куп медали: злато за М12, М13 и М16, сребро за М14 и бронза за М15 и втората екипа М13.
http://basketball.mk