Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар би му го продолжил договорот на Калараш на уште две години, но..
Вардар би му го продолжил договорот на Калараш на уште две години, но..

Вардар би му го продолжил договорот на Калараш на уште две години, но..

Управата на Европскиот шампион се фати за работа. По официјалното претставување на новиот тренер Давид Хосе Писонеро доаѓа ред на играчите.

Како што објави „Вардар Фанс” пред некој ден, специјалистот за одбрана Глеб Калараш, постои голема можност сепак да остане во редовите на „црвено – црните” и во наредните сезони.

Управата на Вардар е подготвена на Калараш да му понуди нов две-годишен договор, но има еден проблем. Русинот има потпишано преддоговор со тимот на Мотор Запорожје. Информациите во овој момент велат дека и покрај тој преддоговор, постои голема можност Русинот да остане во Скопје.

Од Вардар испратиле писмо до Запорожје каде се бара Глеб да биде ослободен, а од редовите на Европскиот шампион се подготвени и парично да го решат овој проблем.

Останува да сочекаме и да видиме каков ќе биде одговорот од тимот на Мотор Запорожје.