Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Slider > Вардар ќе учествува на Супер Глоуб Купот, можно финале против Барса
Вардар ќе учествува на Супер Глоуб Купот, можно финале против Барса

Вардар ќе учествува на Супер Глоуб Купот, можно финале против Барса

Единствениот трофеј што недостасува во витрините на вардарци е оној од неофицијалното светско првенство, или Супер Глоуб Купот, кој оваа година ќе се одигра во Саудиска Арабија. Вардар како актуелен шампион на Европа и Барселона како минатогодишен освојувач на овој турнир се единствените Европски екипи кои ќе играат на ова натпреварување.

Другите тимови се шампионите на своите континенти. Замалек од Египет ја претставува Африка, Ал-Духаи од Катар е тимот кој ќе игра за Азија, додека Универзитетот Сиднеј од Австралија е претставник и на овој континент.

И Северна Америка има свој тим во Њујорк Сити од САД, додека Јужна Америка ќе има свој претставник во Таубате од Бразил.

Ова натпреварување ќе се одигра во периодот од 26.08-01.09 кога ќе биде познат победникот, а реално е во големото финале да играат екипите на Вардар и Барселона.