Генерацијата 2006 на ФК Вардар сезонава дебитираше во помладата пионерска Супер лига. Оваа екипа на Вардар заврши на првото место по крајот на есенскиот дел од сезоната. Иако треба да се одиграат уште четири кола до финишот на првиот круг ( едно коло ќе бидеме слободни). На почетокот на новата натпреварувачка сезона оваа надежна генерација на Вардар ја превзема Саше Божиноски. Одигравме девет натпревари на кои остваривме седум победи, еден нерешен резултат и само еден пораз. Највисоката победа беше остварена на гостувањето кај Скопје, додека единствениот пораз ни го нанесе екипата на Шкупи.
Со екипата на Работнички ја имаме најдобрата одбрана, со само 6 примени голови, додека Вардар го има убедливо најдобриот напад со вкупно 31 постигнат гол. Во продолжение ќе можете да ги погледнете постигнатите резултати на оваа генерација остварени во есенскиот дел:
1 коло: Брегалница – Вардар 0:3
2 коло: Вардар – Кул 5:2
3 коло: Шкендија – Вардар 1:1
4 коло: Вардар – Работнички 1:0
5 коло: Скопје - Вардар 0:11
6 коло: Њу Старс – Вардар 0:1
7 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П 5:0
8 коло: Шкупи - Вардар 3:2
9 коло: Вардар – Академија Пандев 2:0
Вардарци ќе „презимат“ на првото место на табелата со вкупно 22 освоени бодови, колку што има и екипата на Работнички, која има и натпревар повеќе од нас. Во следниот текст за оваа генерација ќе ги изнесеме и најдобрите стрелци, како и играчите кои се запишаа во листата на стрелци.