Monday ,06 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Борко Ристовски на првото место според процентот на одбранети седмерци

Борко Ристовски на првото место според процентот на одбранети седмерци

Вардар добро ја отвори новата сезона во Лигата на Шампионите, кога на првите три натпревари оствари две победи и еден нерешен резултат. Сепак следеше лоша серија на црвено-црните од седум порази, што ги стави во незавидна ситуација во продолжение од ова натпреварување.

Вардар може да се пофали дека го има најдобриот голман, што се однесува до процентот на одбранети удари од седум метри. Борко Ристовски се наоѓа на првото место, што се однесува до овој статистички податок, со 42‘% на одбранети седмерци кон неговиот гол.

Дибиров исто така е втор најдобар стрелец после десет одиграни кола во ЛШ, со само еден гол помалку од играчот на Барселона.