Денес помладите пионери на ФК Вардар одиграа дуел од последното есенско, 14.коло во лигата за помлади пионери на ФФМ. Тие беа условно “гости“ на екипата на ФК Шкупи, дуелот се одигра на нашиот терен при Академијата на ФК Вардар во Градски Парк. Момците на Сашо Тодоровски Рап-Тап дојдоа до победа со минимални 0-1 (0-0).
За нас стартуваа: Величковски, Петејчук, Асани, Величковиќ, Крстевски, Мирков, Трајановски, Хасани, Омерагиќ, Фазлиу и Гугуљанов. Играа уште: Стојковски, Стојановски, Речица, Салиу и Кузевски.
Помладите пионери ја искористија шанса да бидат единствените кои без пораз ќе го завршат овој дел од сезоната. Тие одиграа перфектни 14 натпревари, на кои забележаа дури 13 победи и само еден нерешен резултат и тоа уште во второто коло, што значи дека оваа генерација е во серија од 12 последователни победи во првенството. Со ова ние станавме есенски прваци во оваа категорија на доминантен начин без ниту еден неуспех есенва.
Дуелот изобилуваше со доста борбена игра, шанси на двата тима, но само еден погодок. По првите 40.минути колку што се игра дуел во оваа генерација мрежите на противничкиот голман Река Хамди и нашиот Величковски Матеј мируваа. Клучен момент беше погодокот на нововлезениот Стојановски Кристијан во 52.минута од натпреварот. Нашето момче кое влезе од клупата ја искористи приликата и го совлада Река Хамди за 1-0, резултат кој се покажа како конечен на овој натпревар кај категоријата помлади пионери.