Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тренерот на Војводина, Кукиќ: Вардар не е тим против кој може да дојдеме до бодови
Тренерот на Војводина, Кукиќ: Вардар не е тим против кој може да дојдеме до бодови

Тренерот на Војводина, Кукиќ: Вардар не е тим против кој може да дојдеме до бодови

РК Вардар остана единствена непоразена екипа во Лигата на шампионите оваа есен, момците на Гонзалес Раул до крајот на  оваа календарска 2017 година  имаат уште три регионални СЕХА-предизвици. Првиот денешниот натпревар  е со екипата од северниот сосед Србија, тимот на РК Војводина. Како што истакна  тренерот Раул Гонзалес овој дуел  ќе го искористи да им даде шанса на помладите. Тренерот на нашиот противник  Драган Кукиќ е со слично размислување за овој дуел, тој вели:

 

Привилегија  е голема  да се игра против европскиот шампион во ракомет . Да бидам искрен, Вардар не е тимот против кој можеш да се надеваш да освоиш бодови. Затоа ќе им дадам шанса на помладите ракометари. Така би ја почувствувале СЕХА лигата и ќе предизвикаме желба уште понапорно да работат-вели тренерот на тимот на Војводина.

*Натпреварот се игра денес во 17-30 часот во Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје.