Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери на ФК Вардар го победија Лудогорец и обезбедија финале, на меморијалниот турнир “Филип Лазаревски
Помладите пионери на ФК Вардар го победија Лудогорец и обезбедија финале, на меморијалниот турнир “Филип Лазаревски

Помладите пионери на ФК Вардар го победија Лудогорец и обезбедија финале, на меморијалниот турнир “Филип Лазаревски

Помладите пионери на ФК Вардар ќе играат во големото финале на турнирот “Филип Лазаревски“ кој деновиве е актуелен во Струмица. Избраниците на Рап-Тап успеаа да го добијат и вториот натпревар, против екипата на Лудогорец и тоа минимално со резултат од 1:0.

Вардар го отвори резултатот во првото полувреме, кога од слободен удар погоди Леонид Игнатов за предност на црвено-црните од 1:0. На крајот овој резултат се покажа и како конечен на овој меч. Гледавме тврд и борбен натпревар, на кој Вардар успеа да слави и да обезбеди финале. Во текот на вчерашниот ден ја совладавме и екипата на Беласица, со резултат од 2:0 со двата гола на Георг Стојановски.

ФК Вардар: Величковски, Костовски, Сељанац, Крстевски, Величковиќ-Радуловиќ, Гугуљанов, Андоновски, К.Стојановски, Игнатов, Г. Стојановски, Туша.

Во игра влегоа уште и Лео Андрески, Антонио Мирков и Филип Ѓорѓоски.

На турнирот се натпреваруваат генерации родени “2002“ година, со исклучок на селекцијата на ФФМ составена од играчи кои се родени “2003“ година. И Вардар на овој турнир настапува во комбиниран состав, со играчи кои се родени “2003“ година, а на овие два натпревари во стартниот состав имавме и играч од генерацијата “2004“, се работи за Георг Стојановски. Тука се и Алек Сељанац, Лео Андрески, Антонио Мирков и Филип Ѓорѓоски, кои настапуваат за генерацијата родени “2003“ година. Инаку во составот на Вардар недостасуваат шест играчи, кои имаат обврски со селекцијата до 16 години, која се наоѓа на меѓународен турнир во БИХ.

Во сабота со почеток од 13:00 часот на програмата е големото финале, а противникот ќе го дознаеме во текот на утрешниот ден, откако ќе се комплетира второто коло во другата група.