Денеска во Скопје преку прес-конференција е најавен завршниот турнир во регионалната СЕХА – лига. Вардар и на овој завршен турнир важи за апсолутен фаворит за освојување на нова титула.
Тренерот на Вардарци, Раул Гонзалез пред утрешниот дуел изјави:
“Многу ми е драго што овој турнир се игра во нашата сала во Скопје и пред нашите навивачи. Пред овој турнир сите нас нè прогласија за фаворити, но тоа не е така. Мешков Брест е одлична екипа, со одличен тренер и секогаш ни создавал многу проблеми кога и да играме. Но, јас верувам во мојата екипа дека ќе го даде максимумот и ќе извлече победа.
Дуелот на Вардар и Мешков Брест започнува од 17 часот и 45 минути.