Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Потеко: Ќе се обидеме да ги изненадиме
Потеко: Ќе се обидеме да ги изненадиме

Потеко: Ќе се обидеме да ги изненадиме

Словенечкиот интернационалец Вид Потеко, на денешната прес-конференција на Мешков Брест, изјави дека неговиот тим ќе се обиде со сите сили да го изненади тимот на Вардар и да се пласира во големото финале. Исто така тој додаде дека ќе играат против тим кој е меѓу најдобрите во Европа.

Доаѓа мечот со Вардар утре, ќе се обидеме да ги изненадиме. Знаеме дека ривалот Вардар е еден од најдобрите тимови во Европа. Се обидовме да дојдеме до 2. место во регуларниот дел од сезоната за да го избегнеме Вардар во полуфиналето. Сепак, имавме силен ритам во текот на целата сезона играјќи и во Лигата на шампионите и на крајот имавме пад. Со тоа не успеавме да го оствариме она што го посакувавме. Оттаму немавме избор и моравме да се соочиме со најдобриот тим во моментов во Европа, Вардар”.

Вид Потеко важи за еден од столбовите на Мешков Брест во одбраната, како и на пикерската позиција во нападот.